Соопштение за јавност
Пратеникот на СДСМ Диме Велковски, во рамките на собраниската расправа посветена на законските решенија за намалување на ДДВ и за акцизите истакна дека најновиот финансиски пакет мерки на Владата содржи издржани антикризни мерки за стопанството и за сите граѓани во непосредна висина од 400 милиони евра, која посредно се искачува на над половина милијарда евра.
Морам да нагласам дека за ова не се задолжуваме, буџетот е ликвиден, приходите се на задоволително ниво, пензискиот фонд е во позитива и затоа има покачени пензии и повеќе пари за пензионерите и колку и да опозицијата сака да каже дека тоа не е така не и успева, истакна Велковски.
Тој повикувајќи дека службени податоци на Народната банка, истакна дека средствата во пензискиот фонд во 4 квартал од 2021 се зголемени за 7,762 милиони денари и затоа пензионерите можат да добијат помош од по 1000 денари во наредните пензии и линеарно покачување на пензиите од речиси 1000 денари од јуни натаму.
Со донесување на законот денеска, основните прехранбени производи од утре ќе имаат стапка за ДДВ од 0 посто, рече Велковски, додавајќи дека за нив и за други производи се укинуваат царинските давачки од сите земји од светот.
Тој додаде дека со мерките цените на горивата се намалуваат линеарно на две нивоа и тоа според пресметките во моментот за 11 денари за безнинот и за 10 денари за дизелот.
Приходите во јануари годинава, во време на светска и економска криза се поголеми и во однос на 2021, 2020 и на 2019 година, буџетот е ликвиден и тоа е правата вистина и како прави пратеници треба да им кажеме на граѓаните дека нема потреба од паника, порача Велковски.