fbpx

Нека му каже некој на Мицкоски дека кризата е г​лобална и поради агресијата врз Украин

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Некој во Белиот дворец треба да му каже на Христијан Мицкоски дека кризата е поради агресијата врз Украина и последици врз енергетиката и економијата има во целиот свет.

Мора ли ВМРО ДПМНЕ целиот свој политички активизам да го сведува на критика само заради критика, без ниту една идеја или реална издражност?

Така се однесуваше ВМРО-ДПМНЕ и за време на пандемијата, ширеше лажни вести и ги плашеше граѓаните, без да понуди никаква конструктивност, а така е и сега кога има глобална економска и енергетска криза.

Очигледно дека партијата на Мицкоски не научила ништо и нема намера да го смени своето дејствување кое е исклучиво на штета на граѓаните и државата.

400 милиони евра одвојува Владата за пакет од 26 мерки кои значат конкретна, реална помош за граѓаните и стопанството.

И додека СДСМ преку Владата и парламентарното мнзоинство носи мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи и блокира, а нивните градоначалници парите на граѓаните ги трошат на непродуктивни трошоци и вработување партиски кадри по општините.

Последни вести