fbpx

Колемишевски: Зелената економија и поддршката на жените претприемачи е она кон кое треба како држава да се стремиме во иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Практиките за општествена  одговорност треба да бидат што е можно повеќе промовирани во нашата држава и нашите бизнисмени треба да знаат дека преку такви практики го подобруваат имиџот на нивната компанија, стануваат препознатливи за потрошувачите и се зголемува  нивната продуктивност. Затоа велиме дека тоа е концепт кој треба да се промовира и применува. -истакна Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за Економија на трибината  
 
„Агенда – Економија 20 – 24“ во Скопје.
 
Еколошкиот, социјалниот и еколошкиот се трите столба на зелената економија кон која треба и ние како држава да се стремиме. -посочи Колемишевски.
 
Тој истакна дека светска практика е компаниите да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид, употребата  на пластика односно  поголема грижа за животната средина. Мошне е значајно да го запазиме еколошкиот  момент. Со оглед на тоа дека кај нас е актуелно загадувањето  и процесот на транзиција од претходниот на еколошкиот начин на работење, важно е да биде планирано без последици и по вработените и  компанијата, но и по животната средина.
 
Тој посочи дека социјалниот столб е насочен кон однесувањето на компаниите .Односно дали  таа компанија ќе ја загадува средината ќе има проблеми со општината или таа компанија ќе внимава на зачувување на средината но и ќе помага во градењето на поздрава животна средина на граѓаните.
 
Економскиот столб се однесува на доброто корпоративно управување и вклучување на сите за подигање на свеста на зелената економија,преку градење на општествена одговорност на  целата заедница.
 
Она што е исто така значајно како мерки кои почнаа, но во идниот период уште позасилено ќе треба да ги вклучиме се долгорочни мерки и политики, економско јакнење и креирање на работни места.
 
Во таа насока е и поддршката и јакнењето на претприемничкиот дух на жените. Па така во акцискиот план и програмата 20-24 е имплементиран Закон за гаранциски фонд за поддршка на женското претприемништво во вредност од  5 милиони  евра, а истовремено државата стои како  гарант пред комерцијалните банки. -посочи Колемишевски.

Последни вести