Соопштение за јавност
Во рамките на Регионалната Конференција “Еден Балкан кон ЕУ” којашто се одржува во Скопје, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и сектератот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, остварија средби со претставници на социјлдемократските, дмократските и либералните патии во Европа и регионот.
Доколку сите се стремиме кон Европската унија, тогаш треба да се знае дека се потребни храбри одлуки и храбри лидери, рече Хасел.
Европратениците Тонино Пицула и Тања Фајон изразија задоволство од работата на СДСМ, за што рекоа дека ја имаат целосната поддршка. Европратениците го поздравија и изборниот модел 50 – 50 со којшто 50 проценти на изборните листи на СДСМ ќе бидат жени.
Пицула и Фејон веруваат дека земјата е на вистинскиот пат и ги пофалија реформите и мерките коишто се однесуваат на повисоки плати, социјална помош и другите коишто значително го подобуваат животото на граѓаните.
Николовски и Маричиќ остварија средба и со Саша Магазиновиќ од Сцијалдемократската партија на Босна и Херцеговина со кој го споделија искуството за патот кон Европската Унија. Магазиновиќ истакна дека позитивниот одговор од ЕУ, односно добивањето датум за почеток на преговорите, ќе го врат општимизот и кај земјите во регионот кои не се членки на ЕУ и ќе биде мотив да работат напорно на реформите.
Европратеникот Ранко Остојиќ, на средбата со Николовски и Маричиќ, го сподели искуството на Хрватска по добивањето датум за преговори. Тој смета дека Република Северна Македонија чекори храбро кон ЕУ, пред се поради бројните реформи коишто ги направи.
Драгослав Шумарац, потпретседател на на Демократската партија на Србија кажа дека Социјалдемократскиот сојуз е светол пример во регионот и го поздрави патот по којшто се движи СДСМ.
Николовски им за заблагодари на сите за нивното присуство на регионалната конференција како и за поддршката што Социјалдемократскиот сојуз ја добива низ годините.