Соопштение за јавност
СДСМ како одговорна партија во континуитет презема конкретни мерки за унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Во таа насока е и носењето на Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, предложен од Владата предводена од СДСМ.
Овој Закон значи решавање на проблемот со старите судски и извршни предмети кои што беа трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година.
Со оваа мерка целосно се бришат каматите на долговите и каматите на трошоците во постапката што граѓаните ги имаат кон јавните претпријатија, основани од општините и државата.
Над 10 милиони евра долгови на илјадници семејства доверителите во државна или јавна сопственост се должни да ги отпишат во рок од 3 месеци од стапувањето на сила на овој закон.
Покрај отписот на камати, овој Закон обезбедува и репрограмирање на старите долгови, односно на граѓаните им се овозможува долговите во зависност од нивната висина да ги плаќаат на рати.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вистински се грижи за сите граѓани. Потврда за тоа се спроведувањето на мерките кои директно влијаат на подобрување и олеснување на животот на сите граѓани.
Затоа, граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ на предвремените парламентарни избори на 12 ти април. Затоа што токму преку нив се обезбедуваат повеќе пари и помали трошоци во секое семејство.