fbpx

Петров од „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”: „Прашај што сакаш” нова алатка за отворени институции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

На синоќешната програмска трибина на СДСМ „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров најави мерки за поголема транспарентност.

„Се обврзуваме до крајот на 2024 да ги ослободиме сите јавни простори пред институциите, да ги симнеме сите огради. Можеби ова не значи многу за некого, но тоа симболизира отворени институции за граѓаните.

Една алатка којашто ќе ја воведеме се вика „Прашај што сакаш” преку која граѓаните до Владата ќе можат да постават прашање, а во рок од 3 дена ќе треба да добијат одговор. Се надеваме дека оваа алатка ќе ја користат и сите други институции. Ова ќе биде надоврзување на целата дигитализација што се случува во институциите. “Само Прашај” е надоградба на сите други услуги”, рече Петров.

 

Последни вести