fbpx

СДСМ ја врати слободата на медиумите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

СДСМ и владата којашто ја предводи, успеа да стави крај на насилството врз новинарите и да обезбеди слобода на медиумите.

Ова се признава и потврдува и во најновиот извештај на Парламентарното Собрание на Советот на Европа кој наведува дека од 2018 година Република Северна Македонија се издвојува од другите земји на поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите.

Во извештајот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа се нагласува ситуацијата во Северна Македонија во 2017 година, кога новинари беа претепани додека покриваа демонстрации пред парламентот, на над 20 им биле упатени закани или им било попречено известувањето од местото на настанот.

Сега заложбите на СДСМ за слободни медиуми се потврдуваат.

Додека , за време на режинот на ВМРО-ДПМНЕ, 11 години не смееше да се зборува, имавме заробени институции и медиуми, затворање и заплашување на новинари, загрозени човекови права, поделби и етнички тензии, денес живееме во слободна држава.

Напредокот што го постигнува нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа.

Режим никогаш повеќе!

Последни вести