fbpx

Потпретседателот Петров од трибината „Агенда – Едно општество за сите 20-24“: Гостивар е вистински пример за концептот на едно општество

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Ако некогаш треба да го најдеме зародишот на концептот на едно општество за сите граѓани тоа сигурно ќе биде Гостивар. Затоа што овој град е вистинска слика за тоа како треба да изгледа едно општество за сите – истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ, на трибината „Агенда – Едно општество за сите 20 – 24“ во Гостивар.

Тој го истакна значењето и вредноста на овој концепт, затоа што само така можеме да живееме во општество без предрасуди. Затоа што ако го немаме меѓусебното почитување и разбирање нема да бидат важни економските успеси, ниту било што друго.

Тој посочи дека концептот на едно општество за сите граѓани не е само политички израз, туку и цивилизациски поим. СДСМ беше првата политичка партија која ја имаше храброста и визијата да ја постави оваа цел и да придобие мнозинство околу неа. Владата ја усвои стратегијата, матичната комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието ја разгледа. Формирани се Постојаното тело и Координативното тело за нејзина имплементација. Одговорните министерства и институции веќе ги имплементираат првите активности од акцискиот план во соработка со меѓународни партнери и домашни здруженија и фондации – истакна Петров.

Тој посочи дека не смееме да дозволиме никогаш да се повторат сите изблици на физичко, вербално или психолошко насилство кон различните, кон припадниците на етничките заедници, кон општествените малцински или маргинализирани групи, кон припадниците на ЛГБТ популацијата или кон нашите граѓани со различна верска определба, како ни кон лицата со попреченост.

Како дел од заложбите, кои се во интерес на граѓаните, се зајакнати општини кои денес можат да одговорат на потребите на граѓаните. А во таа насока работи и министерството за труд и социјална политика кои имаат отворено свои канцеларии во скоро секоја општина и преку финансиска поддршка ги потикнуваат општините да аплицираат за проширувањето на опсегот на своите услуги – рече Петров.

 

Последни вести