Соопштение за јавност
Искрената намера на Владата да спроведе департизација и професионализација на јавната администрација е содржана во првичната верзија од Законот за раководна служба, односно како независно и објективно да се избираат државните секретари и директорите, по примерот на Комисијата за спречување корупција. ВМРО-ДПМНЕ наместо да се приклучи во процесот и да демонстрира желба за стручна државна служба тие како по правило само се противат. Оваа тема беше отворена во емисијата „Анализа“ на ТВ 24.
„ВМРО-ДПМНЕ го нападна законот од сите аспекти, а со законот конечно ќе имаме стручни и квалификувани раководни лица. Законот за раководна служба предвидува формирање на независна комисија која ќе објавува огласи и ќе прави евалуација на кандидатите. Потоа ќе предложи до Владата три имиња од кои ќе се избере функционерот. Но сите три имиња ќе бидат релевантни затоа што комисијата ќе биде строг филтер. Ова е одлична прилика заедно да направиме закон и да покажеме дека реално сакаме промени“- изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и министер за администрација и информатичко општество.
Првично законот ќе се однесува на органите на централната управа, а ако покаже резултати и се обезбедат квалитетни и стручни раководители, тогаш истиот модел ќе се преслика и на локално ниво.
„Ова е прв обид некој да сака наместо партиски да поставува професионални кадри на раководните позиции и затоа мислам дека е вредно да се обидеме. Затоа не смееме да ја пропуштиме оваа шанса, а тоа не треба да го направи ниту ВМРО-ДПМНЕ. Можеме заедно да направиме функционален закон кој ќе гарантира ефикасна, стручна и обучена раководна гарнитура во институциите“- поентираше Манчевски.