fbpx

Спрега на ВМРО-ДПМНЕ со Ла Верита за лажни вести, фабрикувани случаи и измислици, изборите во 2014 се симбол на изборни кражби на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност- реакција на соопштението на ВМРО ДПМНЕ

Безидејната ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги, измислици и монтирани случаи во недостиг на идеи и програма, продолжува со обидите за манипулација преку конструирани случаи.

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи.

Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија.

Наводите дека Зоран Заев бил  вмешан во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода, затоа што ако навистина било така обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе го процесирало.

Изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски. Од објавените материјали јаавноста јасно виде како ВМРО-ДПМНЕ правеле изборни кражби, преку штанцање лични карти, кражба на изборни материјали, гласање на починати лица се само дел од изборните нерегуларности кои ги правеше ВМРО-ДПМНЕ во 2014 а за кои јавноста слушна преку „Вистината за Македонија“.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ преку медиуми блиски до нив, со силни конекции со кадрите на ВМРО-ДПМНЕ како Андреј Лепавцов и Ѓорге Иванов, очајно се обидува да конструира непостоечки случаи. 

ВМРО-ДПМНЕ ги загубија последните локални и претседателски избори и  ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори.

Граѓаните ќе ги казнат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

 

Последни вести