Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера се сретна со младите од СДММ Радовиш.
На средбата претседателот Заев потенцираше дека официјалните мерки и спроведените реформи се доказ дека СДСМ во изминатите 2 и пол години покажа дека верува во младите и со нив гради партнерски однос.
Го донесовме Законот за млади со кој за прв пат се дефинира категоријата н млади во државата, дефинирани се формите за младинско учество и инклузија во креирањето на политиките. Донесен е и Законот за младински додаток со кој на секој млад човек до 23 години вработен во производство ќе добива плус 3.000 денари додаток на плата, истакна претседателот Заев на средбата со младите во Радовиш.
Претседателот Заев се осврна и на намалувањето на невработеноста како главен фактор младите да останат во својата татковина.
Во изминативе 2 и пол години вработени се околу 60.000 лица од кои 54 отсто се млади. Младинската невработеност која во 2016 изнесуваше 48.2 отсто денес изнесува 35 отсто. Покажавме дека веруваме во младите, покажавме дека е исправно да вложуваме во човечкиот капитал и така и ќе продолжиме. Ја заокружуваме новата програма на СДСМ за изборите, а таму младите се во центарот на вниманието, заклучи Заев.