fbpx

Мираковски на трибината Агенда Воздух 20-24: Државата да инвестира во научни трудови за намалување на загадувањето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Професорот Дејан Мираковски на програмската трибина на СДСМ на која се дискутира за начините и мерките преку кои ќе се намали загадувањето на воздухот истакна дека државата треба ја користи науката за да се изнајдат решенија за надминување на проблемот со аерозагадувањето.

Државата мора да инвестира во научни трудови, истражувачки групи кои преку својата работа ќе изнајдат решенија и стратегии против загадувањето на воздухот, истакна Мираковски.

Дискусијата за тоа кој најмногу загадува во јавноста е пристуна повеќе години, но јавноста тоа не треба да го утврдува, постојат бројки и податоци кои покажуваат кои се доминатнти извори на загадување. Причинители за загадување на воздухот се повеќе, но научниците и нивните трудови може да помогнат во изнаоѓање на трајни решенија и тоа треба да се искористи, посочи професорот Мираковски.

 

Последни вести