fbpx

Со 69,5 милиони денари ја реконструираме салата „Партизан“, вложуваме во спортот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на Наумче Мојсовски, претседател на Комисија за спорт на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и во време на светска економска криза, продолжува со инвестиции за унапредување на спортската инфраструктура.

Започна реконструкцијата на спортската сала Наум Наумоски Борче, популарно позната како „Партизан“ во скопски Карпош.

Со 69,5 милиони денари од државниот Буџет овој важен спортски објект ќе биде целосно реконструиран, модерно уреден со нови содржини.

Салата „Партизан“ повторно ќе биде достапна за спортските клубови и рекреативци од Карпош, но и од цело Скопје.

Реализиравме уште едно ветување дадено пред граѓаните, го враќаме сјајот на овој репрезентативен објект важен за карпошани, важен за скопјани.

СДСМ продолжува да се грижи за спортот и да ја развива спортската инфраструктура во секоја општина, во секое населено место.

Благодарам

Последни вести