Соопштение за јавност
Санела Шкријељ, член на Комисијата за труд и социјална политика во СДСМ денеска се сретна со пензионери, стечајци и корисници на социјална помош во Штип. Шкријељ на средбата со различни целни групи порача дека реформите што беа реализирани изминатиот период во социјалата директно влијаат на подобрување на животот на граѓаните.
“Одлуката за покачување на пензиите, која го следи растот на платите во државата, од околку 700 денари е најголемо покачување на пензиите досега и покажува вистинска грижа за постарите но и за идните пензионери.
Овие 700 денари ќе влезат во основицата на пензијата и дополнително ќе бидат усогласени со трошоците на живот. Со покачувањето коешто следува просечната пензија во државата ќе изнесува 15.500 денари”, рече Шкријељ.
Шкријељ истакна дека за прв пат во земјава е воведена и социјална пензија којашто во моментот ја користат над 4.000 повозрасни лица.
“Оваа Влада имаше слух и за стечајните работници кои со години беа оставени без приходи. Со последните законски измени материјално до оензионирањ обезбедуваме околу 12.000 невработени лица”, рече Шкријељ.
Со социјалната реформа обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, го враќаме достоинството и го креваме животниот стандард.
“Социјланата помош ја зголемивме во просек за 300%. Во споредба со претходно, за 20 пати го зголемивме бројот на дечиња на кои сега им следува помош од државата. Конкретно, со новата социјалната реформа 27.000 деца земаат детски додаток, а над 8.500 деца добиваат образовен додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 4.000 возрасни лица веќе користат социјална пензија“, рече Шкријељ.