fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да заборави на злоупотреба на МВР, тоа време заврши, на 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

ВМРО-ДПМНЕ со години е во коалиција со мафијата управувана од нивниот почесен претседател во бегство во Будимпешта, Никола Груевски.

Со злоупотреби на техничките функции и однесување надвор од мандатите што им се законски пропишани, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги оневозможи граѓаните да ги остваруваат своите уставно загарантирани права за време на техничката влада, чија основна функција е организирање на слободни, фер и демократски избори.

ВМРО-ДПМНЕ треба да заборави на праксата на контрола на партијата врз министерството за внатрешни работи, која ја применуваше за време на својот 11-годишниот режим.

Дивеењето во МВР и злоупотребите од страна на ВМРО-ДПМЕ овојпат нема да се случа, затоа што тоа нема да го дозволат ниту СДСМ, ниту граѓаните.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува техничките функции и шири лажни вести, а истовремено го брани криминалот на режимот, СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани.

Сите обиди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да подготвуваат терен за непризнавање на изборниот резултат се залудни.

Груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема никакви шанси на изборите во април.

Денес, институциите се во сигурни раце, фер и демократски избори ќе има, слободната волјата на граѓаните СДСМ нема да дозволи да биде загрозена.

На 12 април, граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат, државата е во сигурни раце и нема дозволат враќање на режимот.Режим никогаш повеќе!

 

Последни вести