Соопштение за јавност
Прочитани се намерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби на техничките функции и ширење лажни вести го бранат криминалот на режимот.
Вчера беше објавен разговор со кој ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола сакаа да креираат непосточки случај, класична лажна вест ставија во функција на одбрана на криминал. И не успеаја.
Се покажа дека станува збор за разговор кој покажува законско работење нанадлежни институции, кои презеле навреме соодветни мерки за заштита на интересот на државата и граѓаните.
Од страна на советникот на министерот Димковски, Томе Мојсовски му се укажува на лице вработено во Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид, да го почитува законот и да презема мерки за почитување на договорот од страна на концесионерот на Охридското езеро.
Три месеци инспекторот од Охрид не презел никакви дејствија, не ја вршел својата работа и не соработувал со Езерската полиција, по што дошло до низа сериозни прекршувања на законите. Се што Мојсовски барал од инспекторот да ја работи својата работа и да не штити прекршувања на законите.
СДСМ работи законски а ВМРО-ДПМНЕ и медиуите под нивна контрола го бранат криминалот.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога се толерираше и поттикнуваше незаконско работење токму од оние кои треба да ги спроведуваат законите, денес институциите постапуваат согласно законите и надлежностите и не дозволуваат некој да штити или поттикнува криминал.
Денес, институциите се во сигурни раце, а иднината на државата и граѓаните е обезбедена во големите светски сојузи НАТО и ЕУ.
Денес во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Тие јасно покажуваат дека се носители на криминалот и беззаконието, узурпатори на институциите во обид и партија која е радикална и која е закана за мирниот живот на граѓаните.
Груевистичкото ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е изолирано и спречено да прави криминал од страна на професионалните институции. Во нашата разумна и нормална земја, членка на НАТО, груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема да има никакви шанси на изборите во април.
СДСМ и граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, режим никогаш повеќе.