Соопштение за јавност
Со неразумните блокади на Собранието ВМРО-ДПМНЕ не постигнува ништо освен што нанесува штета на различни категории граѓани.
Трет месец во матичната собраниска комисија со која претседава ВМРО-ДПМНЕ се блокирани измените на Законот за земјоделство и руруален развој, кои ги доставија пратениците од СДСМ и коалицијата.
Со предвидените измени, треба да се отстранат административните пречки за исплата на субвенциите за земјоделците, односно да се отстрани дополнителниот услов кој се провлекува дури од 2015 година, а според кој за да ја искористат државната финансиска поддршка, земјоделците треба да ги имаат платено даноците и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи.
Средствата за субвенциите се обезбедени, тоа е една милијарда и 300 милиони денари за над 17.000 тутунари, но нивната исплата е спречена поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквите блокади докажуваат дека за Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се важни интересите на граѓаните, ним им се важни само личните и партиските интереси.
СДСМ нема да дозволи заради интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски штета да трпат граѓаните.
Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги надминеме, потребните законски измени ќе бидат донесени.