fbpx

СДСМ успешно менаџира со кризата, ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади но и тие ќе бидат поразени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, успешно се справува со последиците од глобалната економска криза.

Се реализира пакет од 26 антикризни мерки за помош и поддршка на граѓаните и економијата, а преку одговорни политики, ќе се заштедат дополнителни сто милиони евра кои во иднина би се искористиле за нови антикризни мерки.

И додека СДСМ се бори против последиците од кризата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидуваат по секоја цена да ја закочат работата на институциите.

Помина една недела од најавените нови засилени блокади на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не успеаја.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски го одолговлекуваа усвојувањето на дневниот ред, правеа хаос на седниците и на крај ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо, но затоа нанесе штета врз граѓаните.

Над 17.000 тутунари се уште се без субвенции затоа што од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата закочена е работата на Комисијата за земјоделство, иако во Буџетот има обезбедено средства за исплата на субвенциите.

Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново. Тоа го гледавме и во време на пандемијата со коронависрусот, и кога се зголемуваа платите и пензиите, но и кога државата стануваше полноправна членка на НАТО Алијансата.

И тогаш како и сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата и се обидуваа да го закочат напредокот.

Откако им пропадна првичниот обид за блокада на Собранието, денес ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади и деструкции, со цел по секоја цена да направат штета врз државата и да ги задоволат личните желби на Мицкоски.

Но во белиот дворец треба да знаат дека и овие нови деструктивни идеи за блокада ќе бидат поразени, СДСМ нема да дозволи граѓаните да бидат жртви на себичните интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ повторно ќе ги порази нови деструктивни постапки на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз граѓаните, економијата и државата.

Во време на криза, кога сите капацитети треба да бидат ангажирани во справување со последиците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да покажат барем малку одговорност и да се откажат од блокадите и деструкциите.

Мицкоски да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, криминалецот во бегство кој и повеќе од очигледно дека целосно ја контролира партијата.

ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, заробена партија во криминал и режимска матрица чие дејствување е на штета на граѓаните и државата.

Последни вести