fbpx

Дебакл на Мицкоски, пропаднатата блокада ја менува со протест за месец од сега

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Откако им пропадна деструктинвата идеја за блокирање на собранието „невидените“ чекори кои ги најавуваше Мицкоски се сведоа на еден протест за еден месец од сега.

Ако на Мицкоски му е потребен еден месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми кои ги има за да си ја зачува сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ.

Како и да е, протест е демократско право на опозицијата.

Што се однесува до изборите, тоа прашање е затворено. Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби.

СДСМ уште еднаш посочува дека било какви деструктивни идеи за блокада на државата нема да успеат и повторно ќе бидат поразени.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи за граѓаните и поддршка на стандардот во услови на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа.

Последни вести