fbpx

Поради неспособноста на Арсовска Град Скопје останува без принтери, граѓаните без документи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и советничка во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Денеска администрацијата на Град Скопје остана без печатачи, порди неспособност на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Град Скопје и цела админитрација без 31 принтер значи проблем во давањето на редовните услуги од кои штета ќе имаат граѓаните, физичките и правните лица.

Ваквото нејзино неодговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните ќе ги остави без потребните документи.

Уште еднаш на дело исплива неспособноста на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Толку е менаџерскиот капацитет. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не може да менаџираат ниту со канцелариската опрема во Град Скопје, а не пак да реализираат некој важен проект за градот и граѓаните.

Првите шест месеци од мандатот Арсовска ги помина во неработење и партизација на Градот, секојденвно докажувајќи дека е најнеспособниот градоначалник што Скопје некогаш го имал.

Последни вести