П: Господине Заев, вчера се избра техничката преодна Влада којашто треба да ги спроведе изборите на 12 април, дали очекувате конструктивност од новите министри од ВМРО ДПМНЕ?
– Прво, прекрасно е да бидеш повторно дома за празниците со семејството, со пријателите. Овој хуманитарен базар денеска во предвечерието на големите христијански празници, како Божиќ секако му приличи, и верувам ја испраќа пораката на солидарноста, на топлината на домот, на можноста да помагаме на секој, секаде кадешто можеме да помогнеме и во секое време. Сакам да ја искористам приликата и да честитам на нашиот народ за новата преодна влада. Јас верувам дека новите министри коишто се на предлог на опозицијата ќе ја вршат совесно и солидно својата работа заради тоа што рековме секој месец, секоја недела, секој ден е важен. Зошто овој просперитет и прогрес да не го искористиме за да го унапредиме растот да биде уште поголем? Верувам дека професионално ќе ја извршуваат својата работа, на крајот окото будно на јавноста е присутно а слободата и демократијата се вгнездени во нашата земја а и верувам дека под окото на граѓаните на коишто служиме и за коишто постоиме сите министри својата функција сериозно и посветено ќе ја извршуваат. Секако најважно е сите заедно да ги земат своите права, пред се и одговорности за организирање слободни фер и демократски избори како што ни приличи на земја којашто е во очекување да добие датум за преговори, на членка на НАТО и верувам дека тоа сите заедно можеме да го постигнеме.
П: Дали има некои законски процеси коишто треба да се истераат до 12 февруари додека да се распушти Собранието, што е тоа што е битно а треба да се спроведе ?
– Има многу важни законски процеси, прво мене ми е драго и сум благодарен на Парламентот како досегашен претседател на Владата за донесувањето на законите коишто имаат импакт или реализација од први јануари за да може да течат сите овие процеси, за да може Фондот за пензиско да ги калкулира новите пензии, новите плати коишто се покачувани во многу други дејности во државата да може да тргнат субвенциите за покачувањето на платите, на минималната плата овој месец ќе се исплати за декември. Сето тоа беше многу важно но и многу други законски решенија сега остануваат на крајот на јануари и почетокот на февруари што треба да се донесат. Не би ги набројувал заради тоа што секој од законите некои педестина, сите имаат своја важност. Не знаеме дали е поважен законот за матична евиденција за дечињата да добијат документи а со тоа да се регистрираат во училиштата или е поважен Законот за конечниот Договор за ратификацијата на Анексот 4 на Кичево – Охрид, за да може градежната механизација и оператива да работи за на пролет првата делница во низината да може да биде пуштена во употреба. Се е важно од законските решенија, но верувам дека Парламентот низ дискусија и дебата ќе ги донесе без било какви опструкции заради тоа што на крајот одговорноста е пред граѓаните. Секако без се се може но убаво е овие закони да ги имаме донесено, за да може како што реков на почетокот да не застане ниту еден процес, темпото на реализација да биде уште подобро од 2019 година. Имавме прилика да ги соопштиме бројките, капиталните инвестиции се реализирани 78% и сум среќен, имајќи во предвид дека минатите години не беа така добри. Во таа реализација буџетот е наплатен некаде околу 98% приходите во буџетот се зголемени за 8,2% во споредба со предходната 2018 година, без зголемување на даноци или било какви такси, значи сериозен доказ за раст и развој и раст на нашата економија, расте економскиот стандард на граѓаните и не треба да бидеме несериозни ова да го пропуштиме. Навистина треба да го туркаме до самиот крај.
П: Очекувате ли да помине на 7ми јануари ратификацијата закажана во Шпанскиот Парламент, кои се вашите очекувања по ова толку важно прашање?
-Прво да знаат граѓаните дека Парламентот наш навреме ќе ја донесе својата одлука, на време од Владата е испратен Протоколот за ратификација во Саботата пред Нова Година го усвоивме Протоколот и предлог Протоколот за ратификацијата го пративме, верувам дека Парламентот ќе го донесе, ќе биде потпишан од Претседателот надржавата, ќе биде објавен во Службен весник и ќе чекаме Шпан ија да ја заврши својата постапка за да може нашата постапка од Собранието на РСМ да биде последна во депонирањето во Вашингтон убави вести стигнаа од Шпанија, таму планот за избор на новата Влада е направен почетокот на следната недела 6ти 7ми и 8ми верувам дека тие денови ќе може да се избере Владата а со тоа добиваме и овластен предлагач од Шпанија према шпанскиот Парламент а потоа Владата да го предложи Протоколот за ратификација до шпанскиот Паламент, верувам дека има време до крајот на Јануари, почетокот на Февруари и Шпанија тоа да го зврши така да станува многу извесна, не само на формално туку легално нашето членство во НАТО заради тоа што таква е и процедурата и со тоа завршува самата процедура за членство во НАТО