Соопштение за јавност
Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го именувале за секретар на Град Скопје Ѓоко Велковски актуелен советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова освен што е неетички, туку е и спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Надлежните ограни се веќе известени и овој случај мора да има разрешница.
Арсовска одново докажа дека освен груба партизација на Град Скопје ништо друго и не прави.
Одамна е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје.