Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ нема идеја, оваа партија соочена со изборен пораз тотално се загуби.
ВМРО-ДПМНЕ наведува личности кои меѓу 10 и 30 години се вработени во администрацијата и во културата и после децении измислуваат некаков непотизам во СДСМ, што нема врска со реалноста.
Непотизмот беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, а ваквите лажни обвинувања може да се очекуваат од партија чиј лидер не следи вести.
Мицкоски на социјалните мрежи објавува дека е одбиен предлогот за предвремена ратификација на протоколот за членство на земјата во НАТО.
Она за што Мицкоски очигледно не е информиран е дека Владата на вчерашната 174 седница веќе усвои предлог за предвремена ратификација на Северноатланскиот договор за НАТО.