Соопштение за јавност
Новиот извесен пораз на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги плаши до тој степен што штанцањето на лажни вести и дезинформации од белиот дворец кулминира преку масовно пласирање на лаги преку т.н. медиуми блиски до нив.
11 години со нарачани анкети се манипулираше јавното мислење, а очигледно е дека опозицијата и денеска е контролирана директно со груевистички методи нарачани од Будимпешта.
Без разлика дали тоа и се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски, тие ќе останат опозиција и после 12 април.
Сите релевантни анкети покажуваат дека СДСМ убедливо води пред ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, Зоран Заев е политичар со најголема доверба меѓу граѓаните а Христијан Мицкоски има помал рејтинг од неговата ВМРО- ДПМНЕ.
СДСМ е фаворит на изборите.
Јасно е, на 12 април граѓаните масовно ќе кажат режим – никогаш повеќе.