fbpx

Растот на просечната плата од 3,7 отсто во октомври потврдува дека успешните економски мерки на СДСМ даваат резултат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Успешните економски политики на СДСМ даваат реални и видливи резултати.Факт е дека платите се зголемуваат и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Според последните официјални податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во октомври годинава изнесува 25.726 денари, што е за 3,7 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.

За последниве 2 години и 5 месеци просечната нето плата е зголемена за 2.837 денари.

За споредба ВМРО-ДПМНЕ за 2 години и 5 месеци, од декември 2014-та до мај 2017-та година успеа да ја зголеми просечната плата за само 482 денари

Со новата мерка за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за оние кои ќе ја покачат платата до 6.000 денари, како и со предвиденото покачување на платите во образованието и здравството, очекувано е просечната плата да продолжи да расте.

Целиме кон зголемување на просечната плата на 30.000 денари и тоа ќе се оствари.

Ова го ветивме на почетокот на нашиот мандат, кој се скрати поради предвремените избори.

Сепак, за 2,5 години направивме сериозен исчекор за зголемување на просечната плата на 500 евра. И така ќе продолжиме по 12 април.

Последни вести