Соопштение за јавност
Цел ден граѓаните се сведоци на срамен молк од Христијан Мицкоски.
Ниту од Мицкоски ниту од Белиот дворец нема никаков одговор околу гласањето на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуцијата на ЕПП со ставовите на Бугарија.
Наместо да се крие Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори зошто го прави ова?
Зошто дал зелено светло за Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија?
Зошто Мицкоски ја поткопува државата позиција во однос на Бугарија?
Зошто ова и го прави на сопствената земја, на сопствениот народ?