Соопштение за јавност
Пресудата за случајот Талир 2 е последната потврда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.
Низ судски процес базиран на докази и сведоштва се докажа дека биле злоупотребени милионски суми на пари, дека грубо биле прекршени законите за ВМРО-ДПМНЕ денес да биде една од најбогатите партии во Европа.
Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна и од епски размери, но со последната пресуда исправена е уште една неправда.
И по последната пресуда исто како и по претходните против функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наместо да се извини и да ги осуди незаконските постапки, тој упорно останува во одбрана на криминалот.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија се уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевси.