fbpx

Филипче на трибина во Велес: Сите жени со рак на дојка денес имаат терапија, набавивме нови 30 биолошки лекови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Претседателот на Комисијата за здравство Венко Филипче, вечерва учествуваше на панел дискусија на тема „Рак на дојка – третман и психотерапија“, во организација на Форумот на жени на СДСМ на ОО Велес.

„Владата предводена од СДСМ спроведува мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка. Набавивме нови 30 молекули биолошка терапија, сите пациенти со рак на дојка го имаат потребниот лек. Терапијата е достапна за сите пациенти на кои им е неопходна. Не е како порано, оваа терапија да биде достапна само за ограничен број пациенти“, истакна Филипче.

Пред присутните тој информираше дека за првпат е обезбедена и психолошка поддршка за онколошките пациенти, што претставува едно од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. 

Од страна на директорот на Клиниката за радиологија и онкологија, Др Нино Васев беше посочено дека сега не само што што има нови дигитални мамографи, туку и новитет се билошките лекови кои се достапни за сите. 

„Денес се измени процесот за детекција и лекување на ракот на дојка, за разлика од порано. Имаме многу нови имунолошки процеси со кои може да се зајакне метаболизмот и да се спречат последиците од процесот на лекување на ракот за дојка.Денес сите од вас жените може да знаете дека сте безбедни, дека во случај на најтешко целиот процес е олеснет за 3 пати, истакна Васев.

На трибината зборуваа и пихолози кои ја потенцираа важноста од психолошка поддршка за заболените од рак на дојка и дека ти веќе не се сами низ предизвиците. 

Тие порачаа дека при примање на терапиите, при повторно повторување на болеста психолозите стојат на располагање да овозможат олеснителен процес за сите кои имаат потреба од тоа.

Филипче, на панел дискусијата во Велес посочи дека е воведена новина за двојно читање на мамографските слики. Тој појасни дека мамографските снимки за рано откривање на рак на дојка се независно анализирани од двајца радиолози, кои имаат искуство на читање вакви снимки од минимум 800 пациентки.

„Во фаза е централизација на сите онколошки оддели под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да обезбедиме максимална поддршка на пациентите и во другите градови“, потенцираше Филипче и ги повика сите жени да прават редовни лекарски контроли, како и редовни самопрегледи на дојка.

Последни вести