fbpx

СДСМ инвестира во човечкиот капитал, младински додаток од 3.000 денари за младите вработени во производството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ како одговорна партија изминатиот период донесе низа мерки и реформи со кои ја потврдува вистинската грижа за сите граѓани, особено за младите.
Вложувањето во човечкиот капитал е потврда дека за  СДСМ сите граѓани се важни.
Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ, за доделување на младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството.
Младинскиот  додаток ќе се исплаќа на сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност. Потоа, младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.
Преку оваа мерка, истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.
Подолжуваме да креираме и спроведуваме мерки што го унапредуваат животниот стандард на младите и обезбедуваат можности за младите да останат тука.
Иднината на нашата држава е во човечкиот капитал и ќе продолжиме да инвестираме во него.

 

Последни вести