Соопштение за јаавност
Предлогот во оваа форма во која е понуден е неприфатлив, ние никогаш нема да си дозволиме да прифатиме нешто што ќе биде на сметка на македонските национални интереси, на сметка на идентитетот, на сметка на јазикот, како основни обележја, заради тоа што нашето место е во ЕУ, но нас не ни треба ЕУ по секоја цена, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, во дебатната емисија „24 отворено“ на телевизија 24.
Петров додаде дека сакаме да продолжиме да разговараме, да бидеме прифатени како сите останати држави, народи во ова големо европско семејство, се пронаоаѓаме во ЕУ, но ЕУ треба да се подзамисли.
Големата идеја за Европа не може да почива на уцена, а она што се случува последниот период е класична уцена од позиција на сила, ние немаме проблем со предлозите на големите европски држави пријатели кои сакаат да го надминат спорот, имаме проблем со неприонципиелноста која постои и која е резултат на една уценувачка политика наметната од нашиот источен сосед, Бугарија која не може да донесе ништо добро, нагласи Петров, изразувајќи надеж дека таму ќе се смират работите и ќе се разбере дека на тој начин ништо не се постигнува.
На прашање во врска со тоа што владата не изнесуваше став за информациите за францускиот предлог, Петров истакна дека прво немаше официјално доставен предлог, а од друга страна има правило, во држава со дипломатска традиција, дека предлог ан блок не се одбива, треба да се разгледа, продискутира, без разлика колку се чини на прв поглед лош или добар и потоа да се произнесува.
Тој додаде дека со пребрзо излегување со став и тврдењата, како „еве премиерот Ковачевски се договорил“, „ќе потпише“, „само што не потпишал“, беше непотребно рушење на државните позиции, бидејќи имавме став од кој не отстапивме, потврден со декларацијата усвоена од сите партии во собранието, која ги дефинира црвените линии.
Доблест е што владата прифатила она што го сугерирала јавноста, и наместо да се поздрави тоа, опозицијата гледа причина да падне владата, владата има мандат до 2024 година, а која и да биде владата ќе мора да се надоврзе на работата на минатата, а слушаме од претседателот на опозицијата дека додека е тој нема да дозволи Бугарите да влезат во уставот, рече Петров, додавајќи дека треба да биде истраен, со верба дека никој ништо нема да продаде, нема да направи против државата, не треба да се дига паника, да се подбуцнуваат личните страсти.
Од тактички аспект тоа денес што е направено е одличен потег, смета Петров, додавајќи дека на овој начин, Македонија добива сојзунци.
Се потврди дека Македонија не е деструктивната, ние сакаме да дојдеме до договор, но мораме да водиме сметка за националното достоинство и тоа беше недвосмислено изразено на денешната прес конференција во Брисел, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, на телевизија 24.