fbpx

Мицкоски нема чувство за државност и одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат дека имаме чист Македонски јазик во ЕУ, идентитетските прашања се заштитени, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Ова Мицкоски упорно не сака да го види и заради политички интерес се обидува да претстави нешто различно.

Започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како што беше ветено, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.

Со ова јасно потврдуваме дека нема ништо ниту тајно, ниту скриено во овој процес, а овој предлог е вреден за широка дебата и добра можност за кончено отпочнување на преговорите со ЕУ.

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

Тоа Мицкоски ниту го имал ниту ќе го има.
Мицкоски сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.

Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.

Повеќе од јасно е дека Мицкоски никогаш не сакал и немал интерес за конструктивен дијалог, туку го интересирал само личниот интерес. Тој не сака јавноста, политичките партии, експертите, граѓанските организации да го искажат својот став за предлогот, туку да го наметне својот недржавнички став.

Неговата цел никогаш не била државата ниту иднината на граѓаните. Неговата цел никогаш не бил македонскиот идентитет, македонскиот интерес. Единствено Мицкоски сака да предизвика некоја штета, ако може да за закочи државата, да доживеа некаков неуспех, да биде заглавена

Оттука, СДСМ нема да навлегува во сите изнесени невистини и неодоговорно пласирани небулози од страна на Мицкоски.

Сметаме дека сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа и дека токму процесот на широки консултации ќе ги демантира и овие наводи кои денеска ги изнесе Христијан.

Повикуваме сите општествени чинители, сите политички партии, да продолжат со својот придонес, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката.

Деструкциите на Христијан Мицкоски не се ништо ново и граѓаните уште еднаш ќе ги поразат.

Последни вести