fbpx

На криминалната ВМРО-ДПМНЕ профитот им e пред луѓето и затоа набавуваше соминителен инсулин, за СДСМ граѓаните се најважни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност-реакција на прес конференција на Марија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ

На криминалната ВМРО-ДПМНЕ профитот им беше, и се уште им е на прво место, пред граѓаните, затоа набавувала сомнителен инсулин.

Како во своето режимско владеење така и денеска ВМРО ДПМНЕ се води од каузата профитот и провизиите пред луѓето.

За СДСМ квалитетот на лековите и здравјето на граѓаните е врвен јавен интерес и ништо не е поскапоцено од тоа.

Каузата на СДСМ е граѓаните на прво место.

Министерството за здравство беше принудено да уништи сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден и пол милион евра како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови го загарантиравме квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет.

 Владата на СДСМ направи суштински реформи во здравствениот систем и сега пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини, а не како порано инсулини од сомнително потекло и не се знаеше дали функционираат или не.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да креира лажни вести и преку манипулации да собира дневно политички поени, бидејќи граѓаните не забораваат и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција и по 12 април.

 

 
Последни вести