Сооштение за јавност
Продолжуваме да го унапредуваме и модернизираме земјоделството. Водиме грижа за проблемите на земјоделците. Со нови 4 капитални инвестиции во Пепелиште,Јужно -вардарската долина трета фаза, Лисиче и браната Конско ќе се покријат 30.000 хектари под наводнување за да се избегнат климатски промени како суша кои влијаат на производството, истакна членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на трибина во Неготино.
Димковски потенцираше дека денес под системи за наводнување според договорите и информациите од АД Водостопанство имаме 28.000 хектари.
Можеме да констатираме дека за само 4 години ќе ги зголемиме двојно површините за наводнување, додаде Димковски
Овие инвестиции ќе овозможат брз развој и економски просперитет на земјоделските региони, заклучи Димковски.