fbpx

Државничка одлука, ДА за членство во ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Собранието донесе државничка одлука, со усвојувањето на Заклучоците се обезбедува почеток на преговорите со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност.

Македонци кои говорат македонски јазик и билатерални и историски прашања надвор од процесот на преговри, така ги започнуваме и повеќе од заслужените преговори за членство во ЕУ.

Со тоа, отвораме нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните, од овде, и од денес па натаму, одиме напред со забрзан чекор за да се приклучиме кон европското семејство во кое многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик.

Иднината на државата е обезбедена и таа е европска, со потврден, заштитен македонски јазик и идентитет со сите нишани.

Продолжуваме по европскиот пат како наша стратешка државна цел поставена уште од денот на независноста.

Последни вести