Соопштение за јавност
Таканаречените црвени линии на Христијан Мицкоски не се ништо друго освен антидржавни позиции.
Дали за Мицкоски црвена линија се навредите од негови пратеници кон нашите партнери од ЕУ кои ги нарекуваа нацисти?
Дали за него црвени линии се заканите и клеветите што пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги ширеа во Собранието при усвојувањето на Заклучоците по европскиот предлог за почеток на преговорите?
Мицкоски е очаен, осамен и изгубен во сопствената деструкција, затоа мораше да оди по нови насоки во Будимпешта кај неговиот ментор Никола Груевски.
Мицкоски ќе остане запаметен по тоа што во клучните моменти за државата тој бил на спротивната страна и одработувал за туѓи интереси, на штета на интересите на граѓаните.