fbpx

Ковачевски: Уставните измени се носат во Собранието и се поврзани со членството во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уставните измени се носат во Собранието, а при зачленуувањето во ЕУ, што е пат кој треба да се изоди, и тоа особено во областите на влеадеење на правото и управувањето со институциите, Северна Македонија ќе треба да направи доста законски па и уставни измени, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

„Дури и при влегувањето во ЕУ повторно се прават уставни измени со цел дел од надлежностите што се на Република Северна Македонија да се предадат на Европската унија бидејќи влегуваме во сојуз со други 27 држави. Затоа пратенциите што ги претставуваат граѓаните, треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ, вклучително и закони и уставни измени, да ги носат во интерес на сите граѓани.“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски повтори дека најавата за референдум е исклучиво за внатрепартиски прашања во ВМРО-ДПМНЕ.

 

Последни вести