Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ продолжува да вложува во грижата за лицата со попреченост.
Објавен е јавен оглас за ангажирање на 200 образовни асистенти во 16 општини во државата, со што го зголемуваме бројот на асистенти во основното образование.
На овој начин, од учебната 2022/2023 година, ќе се зголеми опфатот на ученици со попреченост кои ќе добијат образовен асистент, а ќе се ангажираат и дополнителни 200 лица во образовниот систем.
Го подигнуваме степенот на инклузивност во воспитно – образовниот систем.
Ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и не е на трошок за семејствата на учениците.
Унапредување на инклузијата, еднакви можности на децата и лицата со попреченост се врвни приоритети на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за сите граѓани.