Изјава за медиуми, Кристијан Јовановски претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров
Почитувани,
Поминаа 10 месеци откако Стојкоски седна во градоначалничката фотелја.
10 месеци неспособност и партиски интереси наместо развој на општината и решавање на проблемите на ѓорчепетровци.
Овде имам два документи кои покажуваат дека ДПМНЕ и Александар Стојкоски имаат две лица, едно за во опозиција и друго кога се на власт.
Ова е одлуката со која Стојкоски ги задолжи жителите на општина Ѓорче Петров за нови 600.000 евра, а ова е одлуката за 7 нови партиски вработувања.
За ДПМНЕ и Стојкоски кога се во опозиција општината е презадолжена и превработена,
а кога ќе дојдат на власт, уште во првата година ја заглавуваат општината со нови кредити и нови партиски вработувања.
Почитувани, Градоначалникот Стојкоски е Доктро по задолжувања, затоа што како Претседател на Совет и како Градоначалник најмногу ја има задолжено општината !