Соопштение за јавност
Со СДСМ и во време на криза македонската економија останува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции, кои отвораат нови работни места.
Во Република Северна Македонија ќе се произведуваат електрични возила. Владата веќе даде согласност на Договорот за државна помош на компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ од Ахен, Сојузна Република Германија.
Фабриката ќе се изгради во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и тоа ќе биде прва фабрика во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.
Ова значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.
Оваа мултимилионска инвестиција е доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ.