Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
За да ја прикрие неспособноста на градоначалниците, за да ја прикрие сопствената деструктивност, ВМРО-ДПМНЕ извртува факти и шири лажни вести.
Пеналите за кредитите кон банките што токму ВМРО-ДПМНЕ ги земаше сега ги плаќаат граѓаните поради неспособноста и најлошото менаџирање на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму ВМРО-ДПМНЕ избра компанија за изградба на пругата кон Бугарија која го напушти проектот и остави само долгови кои сега ги плаќаат граѓаните.
За разлика од таквиот неодговорен однос, Владата предводена од СДСМ покажа храброст и доблест да започне изградба на пруга која носи нови перспективи за граѓаните и компаниите.
Наместо скапи кредити, Владата обезбеди европски пари, неповратни средства во износ од 130 милиони евра за изградба на пругата.
Зад ВМРО-ДПМНЕ останаа заглавени и криминални проекти, сега имаме нова реалност, пругата веќе од следниот месец почнува да се гради со квалитетни и докажани изведувачи.
ВМРО-ДПМНЕ освен за лажни вести, за криминални проекти, за ништо друго не ги бидува.