Изјава за медиуми, Миќо Стојчески, кандидат за советник на советничката листа на СДСМ и коалицијата
Почитувани тетовчани,
Кога е во прашање историското минато на градот херој и културното наследство во Тетово и тетовско, – Националната установа „Музеј на тетовскиот крај“, со одлука на Владата предводена од СДСМ, доби своја управна зграда, која е од суштинско значење, за нас граѓаните и нашиот град Тетово.
После повеќе децении, заедно успеавме, поранешниот објект на АРМ, да го пренамениме во катче на културните дејци, работници и вработените во Музејот на тетовскиот крај, оние кои ни ги чуваат спомените од храброто историско минато и оние кои ја создаваат културната иднина.
Овој објект е составен од многу простории, кои ќе бидат преуредени и прилагодени за негување на делата од Народноослободителната борба, спомените од духот на антифашизмот, сè со цел да се чуваат историските вредности и континуирано да се развива културата во градот.
Тука се одвиваат и ќе се реализираат многу историски и културни настани, презентации, средби, симпозиуми, концерти, изложби, претстави и разни творби.
Младите ќе имаат свое културно обележје, каде своите таленти ќе ги изразуваат, ќе творат и ќе ги прикажуваат, како пред тетовската, така и пред пошироката публика.
Храброто историско минато на нашиот град, е столбот на нашето општество, а културата и уметноста се двигатели и слика за секое општество. Конечно, Тетово може безбедно да плови низ насмевки и со крената глава.
Како дел од мнозинството во Советот на Општина Тетово, освен негувањето на историското и културното наследство, ќе се заложиме и за поттикнување на културното творештво, создавајќи услови за работа на сегашните и оставајќи траги за идните генерации во Тетово, а со самото тоа и за целата држава.
Во реализација на сето тоа, ќе ни помогнете вие почитувани сограѓани, со заокружување на бројот 1, во сабота на 20-ти август.