fbpx

Заев на трибина во Велес: СДСМ стана дел од Прогресивната алијанса, продолжуваме да градиме прогресивно едно општество за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Доаѓам од настан каде се зборуваше за прогресивниот свет, солидарноста, помагањето, развојот и подобрување на животниот стандард. Чест ми е што станавме дел од Прогресивната Алијанса, која се бори за чоевековите права, за еднаквоста, за спористваување на радикализмот, а токму тоа ние го правиме и дома, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Велес.

Од Велес, од центарот на Македонија кој секогаш ги спојувал истокот со западот, со северот и југот ја испраќаме пораката дека продолжуваме по вистинскиот, правиот пат.  Изразот за почит кон мене и кон оваа влада е почит кон нашиот народ. Затоа, да останеме на правиот пат, тоа е патот којшто не носи напред. Нашата држава е мултиетничка, но сите сме еднакви затоа ја градиме како едно општество за сите и тоа ќе продолжиме да го правиме затоа што силно веруваме во него, истакна претседателот Заев.

Последни вести