fbpx

Коцевски: Домаќински се однесуваме, враќаме стари долгови но и инвестираме во инфраструктурата во сите делови на општина Велес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Кога ја преземав функцијата градоначалник на Велес, општината имаше долг од 3,4 ,милиони евра долг, создадени со незаконско работење на претходната власт истакна градоначалникот на Велес Аце Коцевски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“.

Тој додаде дека со заштеди со намалување на рошоците за репрезентација за 12,5 пати, трошоците за службени патувања за 2 пати, и за гориво за 1,7 пати општината успева да ги враќа долговите, но и да инвестира во инфраструктурата и во капиталните проекти.

Успеавме да реализираме  13 поголеми проекти во вредност од 2,5 милоини евра и тоа за проектот за туристички развој на езерото Младост, подобрување на животот на ромските заедници, комунални проекти, околу милион евра за проекти за патишта, чија изградба е во тек, рече Коцевски.

Инвестираме во градот но и во околните села, бидејќи ние градиме едно општество за сите и секој заслужува еднакви услови за живот, истакна Коцевски, најавувајќи дека наскоро ќе започне реконструкција на градскиот пазар и изградба на првата катна гаража во градот.

Тој додаде дека Велес е првиот град, кој донесе стратегија за развој како паметен град и одржлива урбана мобилност, по примерот на големите развиени градови.

На вистинскиот пат сме да го задржиме овој курс, кој води напред и убеден сум дека на 12 април нашата држава ќе до продолжи правиот пат заклучи градоначалникот на Велес Аце Коцевски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“.

Последни вести