Караванот отворени граѓански трибини на СДСМ под мотото „На прав пат“ денеска (16 ноември 2019, сабота) ќе биде со граѓаните на општина Велес.
Граѓанската трибина ќе се одржи во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, со почеток во 13.00 часот.
Свое обраќање на трибината ќе имаат:
– Претседателот на СДСМ, Зоран Заев,
– Претседателот на Комисија за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи, , и
– Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски.
*пренос во живо од овој настан ќе може да проследите на официјалната facebook страница на СДСМ.