fbpx

Избори ќе има во 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат никого да уценуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да уценуваат никого.

Сите нивни обиди за дестабилизација на државата, сите нивни лаги за наводна асимилација и бугаризација пропаднаа, тие веќе немаат никаков кредибилитет пред граѓаните.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се конфузни, наутро бараат референдум, а попладне предвремени избори.

Мицкоски веќе не знае што да направи за да ја спаси фотелјата во белиот дворец откако грбот му го свртеа коалициски партнери и други опозициски партии.

Избори ќе има во редовниот термин во 2024 година. До тогаш ВМРО-ДПМНЕ има време да се преиспита и да го смени своето деструктивно, антидржавно однесување на штета на интересите на граѓаните и државата.

Последни вести