fbpx

Царовска од трибината во Делчево: Со гордост можам да кажам дека минималната плата ја покачуваме на 14.500 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бевме сведоци дека 11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеа минималната плата во најкритичните гранки под законски утврденота. Тоа беше целосно недостоинствено и нехумано кон граѓаните вработени во овие гранки, кон работниците. рече потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на почеток на своето обраќање на граѓанската трибината во Делчево.

 

-Гледате што се случуваше и во Собранието. Се боревме како никогаш досега да се усвои Законот за покачување на минималната плата. Иако не смее да се случи пратеници да кочат Закон за минимална плата тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Со гордост можам да кажам дека успеваме, минималната плата ја покачивме на 14.500 денари. Тоа е покачување за 60 отсто. Тоа е вистинска грижа за работниците, за граѓаните, да им ги покачиме примањата но и да им го вратиме достоинството–истакна Царовска.

 

Таа истакна дека сите плати со СДСМ растат, во  здравството, детската  заштита, јавниот сервис, затоа што тие се  виталните  сектори во нашата држава.

 

Последни вести