Соопштение за јавност
Заеднички со вас, граѓаните ја креиравме програмата со која ја добивме довербата во 2016 година, денес пак заедно со вас правиме пресек што сме оствариле и повторно заедно со вас бараме нови решенија кои го подобруваат животот, заедно ја креираме и новата изборна програма, порача потпретседателката Мила Царовска на граѓанска трибина „На прав пат“ во Охрид.
Потпретседателката Царовска направи споредба со неодговороното однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која нема идеја, нема програма, нема ниту план а од друга страна е против покачувањето на платите.
-СДСМ ги покачува платите на работниците и го подобрува животниот стандард на граѓаните. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ неделава ги кочи законите кои обезбедуваат раст на минимална плата, поддршка за раст на платите во приватниот сектор. Тие доаѓаат во Собрание земаат плата и дневници а не гласаат за мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. Тоа е се уште истата матрица со кои 11 години ја крадеа државата. Но залудно, платите ќе продолжат да растат, истакна Царовска.