Соопштение за јавност
Мицкоски не може да побегне од кажаното.
Цел свет призна дека Република Северна Македонија испорача и ги направи сите потребни реформи за да добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ, само Мицкоски се радуваше на блокадата за отпочнување на преговори.
Тоа е вистинското лице на Мицкоски.
Тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ која се уште функционира под диригентската палка на Никола Груевски.
Граѓаните не сакаат враќање на режимот, не сакаат враќање назад, изолација и неизвесност.
Единствена обнова што ја нуди Мицкоски е обнова на криминалот и расипништвото.