fbpx

Мицкоски потврди дека нема никакви познавања за енергетиката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски во времето кога беше советник за енергетика и директор на ЕСМ, ја зголеми цената на струјата за домаќинствата за 100%, а тогаш немаше глобална енергетска криза.

Сега кога цената на струјата расте како последица на најголемата енергетска и економска криза по Втората светка војна, насекаде во светот, а не само кај нас, Мицкоски знае само на лист да ги прочита цените на светските берзи. Толку. Нема никаков предлог во интерес на граѓаните.

Мицкоски нема познавања за енергетиката, како да не знае што се случува во светот и какви последици носи светската глобална економска и енергетска криза.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски се тука за граѓаните, со навремени мерки и политики да одговорат на сите предизвици пред кои е државата.

Последни вести