fbpx

СДСМ решава децениски проблеми, обезбедени пари за изградба на гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

СДСМ преку Владата што ја предводи обезбеди пари за изградба на гимназијата “Сами Фрашери”, за поправка на покривот на “Крсте Мисирков” и “Браќа Миладиновци” во Куманово.

Дополнително, септемвриската плата на наставниците во цела земја ќе биде повисока за 15%.

Со овие убави вести сакам да посакам во мое име и во име на СДСМ среќен почеток на новата учебна година на сите ученици и на сите вработени во образовниот процес.

За Куманово ова е исклучитело важно.

Планирана е изградба на целосно ново училиште „Сами Фрашери“ во Куманово кое ќе се изгради за најмногу три години отсега и ќе чини околу 120 милиони денари.

Нашите ученици со години посетуваат настава во адаптирани простории на ЗИК Куманово, кои воопшто не ги исполнуваат стандардите за реализација на образовната дејност во средно образование. Објектот нема ниту двор, така што учениците излегуваат директно на улица- во крајно несоодветни услови.

Владината одлука предвидува средства во износ од 48 милиони денари во буџетот на МОН за 2023 година и дополнителни 70 милиони денари во 2024. Објектот ќе биде изграден на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, лоцирано во поранешната кумановска касарна.

Општина Куманово ја завршува процедурата за изработка на архитектонско урбанистички проект, а по одобрување на истиот ќе започне со изработка на основен проект за изградба на нов училишен објект. МОН ќе ја спроведе постапката за избор на економски оператор за изградба и надзор над градежните активности.

Со тоа СДСМ решава децениски проблем поради кој дел од младите во Куманово немаа квалитетна настава во училници какви што и заслужуваат.

Образованието е нашата иднина, ние вложуваме во иднината. Ние сакаме квалитетна и успешна генерација на ученици кои учат во квалитетни училишта со задоволни и мотивирани наставници.

Последни вести